(Видео) Тригодишно дете паднало од 6 спрат, соседите успеале да го спасат

Кинеските медиуми информираа дека тригодишно дете кое паднало од шестиот кат е спасено благодарение на развлечениот чаршав од соседите со кој го ублажиле неговиот пад.

На видео снимката се гледа дека детето виси на тераса на зграда во градот Чунгкинг. Тоа се обидувало да се врати назад на терсата но никако не му успевало, пренесе СиЕнЕн.

Под него се слушнале повици на луѓе и се забележува како неколкумина од нив брзаат напред со прекривка во раце.

https://youtu.be/lFr4knxmYD8

Како се открива, детето прво го здогледал работник од компанијата која одржува згради на тоа подрачје.

Луѓето кои го спасиле тригодишното момче биле станари на зградата, обезбедување и санитарни работници.

Сосед го однел детето во болница, а тоа поминало без потешки повреди.

https://youtu.be/Lr9cwijgtW0

Треба да знаете
Последни објави