Бугарија: На петта фарма ќе бидат усмртени 17.000 свињи поради африканска грозница

Бугарија денеска најавија усмртување 17.000 свињи откако изби африканска свинска грозница на фарма за свињи на север во државата. Тоа е петта фарма што ја погоди вирусот.

Вирусот беше откриен на фарма во село близу градот Свиштов.

Повеќе од 100 илјади свињи досега се усмртени на уште четири фарми во изминатите две недели. Бугарските власти мобилизираа воени и полициски сили за да помогнат во сузбивање на болеста и заштита на индустријата за одгледување свињи.

Африканската свинска грозница е заразна болест што ги погодува домашните и диви свињи. Не се пренесува на луѓе.

Треба да знаете
Последни објави