Автобус налета на бомба, загинаа 18 лица

Најмалку 18 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа кога патнички автобус наиде на бомба поставена покрај патот во западната авганистанска провинција Фарха, соопшти полицијата на провинцијата.

Како што се наведува, шест лица се повредени во бомбашкиот напад во средата утрото во округот Бала Балук, пренесе „АП“.

Талибанските бунтовници се активни во тој регион, потсетува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави