Северина го откачи сопругот

Со месеци кариерата на Северина Којиќ е во криза, со нејзиното име сé повеќе се поврзуваат деловни скандали и неуспешни свирки. Прво ја прекина врската со долгогодишниот менаџер и пријател, Томица Петровиќ, а потоа соработниците полека почнаа да ја напуштаат.

На крајот на март годинава, таа дури го ангажираше и сопругот Игор Којиќ, но и таа тиква сега пукна, дознава Блиц.
Имено, судејќи според информациите на официјалниот Фејсбук профил на Северина, нејзиниот сопруг Игор Којиќ повеќе не е нејзин менаџер.
Сега пишува дека нејзин генерален менаџер е Ален Клјуче, а агент за резервации е Антонела Беламариќ.

Во март се зборуваше дека Игор Којиќ ќе ја води целата кариера на Северина, вклучувајќи ги и менаџерската и ПР-позициија, но изгледа дека не била задоволна од неговата работа и ангажирала комплетно нови луѓе.

Треба да знаете
Последни објави