Мета побара политичките лидери да се откажат од тврдоглавоста,да не биде предоцна

„Албанија има потреба од избори.Сега. Во септември ќе биде предоцна”.

Ова е пораката што албанскиот претседател Илир Мета ја упати денеска преку статус на Фејсбук.

Нагласува дека политичките лидери треба под итно да се откажат од својата тврдоглавост и да не се движат по два, недемократски и неевропски патишта кои никогаш не се спојуваат.

-Мора итно да се откажат од тврдоглавоста и да не одат по две спротивни патеки, недемократски и неевропски, на кои нема точка за срдеба а со што двете страни ја оставаат земјата на неодредено време надвор од безбедниот европски и посакуван пат од сите Албанци,пишува Мета.

Посочува дека во последните три децении замјата пропуштила можност да стане дел од ЕУ и додава дека албанскиот народ не заслужува да остане последен во регионот „поради своите расипани водачи”.

-Земја која во 2000-та и 2001-та година беше речиси со истото темпо на интеграција како Хрватска и многу пред Србија и Црна Гора. Каде е сега Хрватска, познато е со години, но и Србија и Црна Гора. Исто така, жртвувањето на започнување на преговори за Северна Македонија не може да биде ниту решение, ниту спас на нашето лице кога не сакаме да ги исполниме обврските што секој ги знае. Нашиот народ не заслужува да биде последен во регионот заради своите расипани водачи! Имаме многу малку време да не не прегази времето,пишува Мета

Наведува дека е потребно лидерство кое ќе даде решение во интерес на целата земја, со цел 18 октовмри на биде ден на радост за сите Албанци и варќање,не само на надежта за безбедна индина,туку пред се за младите.

-Албанија е уморена од задоцнети договори кои ја жртвуваат нејзината иднина за да ги спасат кариерите на неодговорните политичари, во име на наводната стабилност што тие ја поткопаат секој ден со своето однесување и неактивност.  Со дела, а не зборови,го завршува статусот на Фејсбук албансккиот претседател Мета.

Треба да знаете
Последни објави