Кочан го примил решението за „Идризово“, не се знае дали и кога ќе се јави во затворот

Од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд-Скопје потврдија дека Сеад Кочан утрово го примил решението со кое се упатува на издржување на затворска казна, откако вчера советот не го прифати неговото барање за одлагање на затворската казна, пишува МКД.мк.

Според неофицијални информации Кочан се наоѓа на лекување во приватна болница, но од судот не прецизираат каде му е врачено решението, дали на домашна адреса или во болницата.

По ова, доколку Кочан не се јави итно во затвор, судијата за извршување на санкции ќе треба да испрати во МВР наредба за стражарно приведување на осудениот бизнисмен, по што со полициска придружба ќе треба да биде спроведен во затвор.

Законот не го предвидува времето до кога Кочан може доброволно да се јави во затвор по добиеното решение, но од судот појаснуваат дека во најкус можен рок не се појави на капија во најголемиот затвор во Македонија, ќе мора да се донесе со полиција.

 

Треба да знаете
Последни објави