Американец со параглајдер паднал врз автомобил на скопјанец во Љубаништа

На 30.07.2019 во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селоЉубаништа, охридско паднал параглајдерист.

Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД,  паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.

Американецот со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави