Хонгконг: Покренати обвиненија против демонстрантите

Повеќе од 20 демонстранти во Хонгконг се обвинети за предизвикување немири, што е најсериозно обвинување откако минатиот месец започнаа масовните демонстрации против контроверзниот закон за екстрадиција на осомничени во Кина, каде демонстрантите велат дека сигурно ќе биде заобиколено фер судење.

За појаснување, Хонконг е поранешна британска колонија која денес има статус на специјален кинески административен регион.

Пред зградата на судот, обвинетите беа поздравени од други демонстранти кои викаа во знак на поддршка.

Полицијата синоќа соопшти дека 44 лица се обвинети за предизвикување немири и дека едно лице е обвинето за поседување оружје.

Според полицијата, обвинетите поставувале блокади на патиштата, кршеле огради и сообраќајни знаци и ги нападнале полицајците со цигли и метални преачки, пренесе агенцијата АП.

Само 23 обвинети лица се појавија денес пред судот и се ослободени со кауција, додека изрекувањето на казната е закажанo за 25 септември.

Тие беа уапсени за време на неодобрениот протест во неделата кога полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои ги блокираа улиците со сообраќајни знаци и чадори.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, призна дека работата на владата на законот за екстрадиција е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза, а протестите во оваа поранешна британска колонија прераснаа во демонстрација на општо незадоволство.

Треба да знаете
Последни објави