Се обновува ООУ ,,Партенија Зографски” во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во активностите за подобрување на условите на учениците и вработените во ООУ „Партенија Зографски”.

На третиот спрат во училиштето се работи на целосна реконструкција на тоалетите. Во моментов, во нив се поставуваат нова водоводна инсталација и канализациска мрежа, нови чучавци и казанчиња, подни и ѕидни плочки.

– Се работи и на адаптирање на нова училница која ќе биде целосно обложена со гипс картон. Во истата ќе се изработи нова електрична инсталација, ќе се постави ламинат, а старите дрвени прозорци ќе се заменат со нови. Една училница опремена е со нови 15 училишни клупи и 30 столчиња. Во тек е молерисување на влезниот хол, скаличниот простор и првиот спрат, информираат од општина Кисела Вода.

Со цел за подигнување на квалитетот на хигиената во просториите на училиштето, извршена е набавка на нова машина за чистење на под.

Покрај ова, во училишниот двор Општина Кисела Вода гради детско игралиште кое е предвидено во временскиот период од 08:00 до 17:00 часот да го користат најмладите ученици, а од 17:00 до 21:00 часот да биде отворено за сите деца. Дворот е збогатен со нови садници украсен чемпрес. Во ООУ ,,Партенија Зографски” новата учебна година настава ќе посетуваат 520 ученици. 

Треба да знаете
Последни објави