Министерство за финансии: Наредната недела ќе биде поставена тријазична огласна табла

Во однос на постапката за менување на огласните табли на Министерството за финансии кои треба да бидат тројазични, од министерството ја информираат јавноста дека тендерската постапка која ја спроведува Службата за општи и заеднички работи, е завршена.

-Ве известуваме дека во соработка со СОЗР, тројазичната огласна табла на Министерството за финансии на македонски, албански и англиски јазик, ќе биде поставена во текот на наредната недела, велат од МФ.

Денеска од БЕСА реагираа бидејќи, иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците, како и обврската што ја има Владата за почитување и имплементирање на истиот, пред Министерство за Финансии се уште не се почитува законот за јазици.

-Законот за употреба на јазиците не го почитуваат и многу други институции, но оваа акција ја инициравме токму пред ова министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев а негов заменик министерот е од редовите на ДУИ, рекоа од БЕСА.

Треба да знаете
Последни објави