„Кока-Кола“ и „Пепси“ го напуштаат лобито на производители на пластика

Компаниите „Кока-кола“ и „Пепси“, двата најголеми продавачи на пластични шишиња со пијалок, решија да го напуштат лобито на производители на пластика, објави „Си-ен-ен“.

И двете компании за безалкохолни пијалоци работат на зголемување на употребата на еколошки прифатлива пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да се осигураат дека користат производи кои може да се рециклираат.

Всушност производителите не се согласуваат со кампањата на Здружението од индустријата за пластика, поради која во соединетите држави забраната на пластика е прогласена за незаконска.

Здружението зазема ставови кои не се во целост во согласност со нашите обврски и цели, објави минатата недела „Кока-Кола“, истакнувајќи дека компанијата се повлекла од групата порано годинава. „Пепси“ коментираше дека се приклучиле во здружението за да научат за иновациите во однос на „кружната економија на пластиката“, но тоа не било случај.

„Прекинувањето на соработката со Здружението од индустријата за пластика е знак дека компаниите сфаќаат оти не можат јавно да промовираат свест за животната средина, додека финансиски поддржуваат здружение кое лобира за континуирана примена на пластика за еднократна употреба“, изјави Џон Хочевар, директор на „Гринпис САД-Океани“.

Треба да знаете
Последни објави