Заев за Меѓународниот сојуз на Боки 13: Владата е отворена за сите кои имаат добри идеи

Вратата на Владата е отворена за сите кои имаат добри идеи, рече премиерот Зоран Заев прашан за средбата што во јули лани во Владата ја имал со осомничениот во „Рекет” Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз на која се разговарало за поддршка на план на оваа НВО за помош на ранлива категроија граѓани.

– Ние симболично ги тргнавме и оградите, буквално секој граѓанин може се прима во Владата дали лично јас, дали мојот кабинет, советниците, министрите, сите, заради тоа што дефинитивно секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација кога гледаме дека се работи за добри идеи. Јас се сеќавам на состанокот, секако. Состанокот беше за отворање простор за реализација на старечки домови во државата, тоа е составен дел и на Програмата и секако како и сите граѓани, така и г. Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно законот. Тоа значи да се обезбеди локации во општините, регионите каде што тоа е возможно, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градби, МТСП го дава одобрението за старечки дом по  стандардите кои треба да се исполнат и на тој начин, како и за секој граѓанин, така и на оваа средба беа објаснети условите за старечки домови. Владата секојдневно прима луѓе. Не ни е првпат да излегле случаи кога тоа се злоупотребувало, но за тоа постојат истраги. Истрагите треба да ги утврдат сите докази, да ги кажат сите аргументи и секако секој што се огрешил по закон да си одговара согласно законот, изјави Заев.

Треба да знаете
Последни објави