Во Канада откриени фосили од животно од праисторијата

Стотина фосили од праисториско морско животно, се пронајдени во Канада, што нуди доста податоци за овој грабливец од важен период во еволуцијата на животот на Земјата.

Животното е наречено „камброрастер фалкатус”. Се смета за далечен роднина на денешните членконоги, како што се пајаците и раковите. Било долго 30 сантиметри, а живеело во камбрискиот период, пред 506 милиони години, кога сите живи суштества се наоѓале во океаните.

Научниците објаснуваат дека суштеството имало канџи што личат на гребло и глава со, исто така – необичен облик.

Џо Мојсиук од Кралскиот музеј при Универзитетот на Торонто, нагласи дека камброрастерот кој личи на рак, живеел на морското дно, хранејќи се со организмите од тињата.

Треба да знаете
Последни објави