Британски министер: Здравствениот систем на Британија не е за продажба

Британскиот секретар за трговија, Елизабет Трас, ги предупреди властите во САД дека системот на јавното здравство во Велика Британија – NHS – „не се продава” и не може да биде дел од идниот трговски договор помеѓу Британија и САД, објави „Дејли телеграф”.

„Мој главен приоритет сега е да преговарам за слободна трговија со САД врз основа на успешен телефонски разговор помеѓу британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп. Одам за САД во наредните недели за да се постигне напредок во оваа област. Но, на самиот почеток на овој процес, би сакала да укажам јасно дека тоа не значи дека нашиот национален здравствен систем некогаш ќе биде ставен на продажба”, рече министерката.

Tаа става точка на ова прашање со предупредување до американските партнери однапред и истовремено уверувајќи ја британската јавност дека е црвена линија за Лондон дури и обидот да се разгледа иднината на британскиот систем за обезбедување бесплатни медицински услуги за населението.

Во Британија доминира јавниот систем на бесплатна медицинска грижа, а приватното осигурување е само дополнување на тоа.

Треба да знаете
Последни објави