Иран: Британскиот предлог за европска флота е провокација

Иран оцени дека предлогот на Велика Британија за европска флота да ги следи танкерите на земјите од Европа во Персискиот Залив е „провокативен” и „непријателски”.

– Слушнавме дека имаат намера да испратат европска флота во Персискиот Залив, што секако носи непријателска порака. Тоа е провокативно и ќе ги зголеми тензиите, рече портпаролот на иранската Влада, Али Рабеи.

Осудата за британскиот предлог следеше откако воен брод на кралската морнарица пристигна во Заливот за да ги следи бродовите со британско знаме кои пловат низ Ормускиот залив.

Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека бродот ХМС Данкам се придружил на Фрегата ХМС Монтроуз во Заливот за да ја заштити слободата на пловење.

Треба да знаете
Последни објави