Search

Три лица загинаа во невреме во Италија

Во силно невреме кое ја погоди Италија по минатонеделниот топлотен бран, настрадаа три лица.

Меѓу жртвите има и една девојка (27) која загинала во Рим кога нејзиниот автомобил бил зафатен од невремето додека била на пат. Таа си одела накај дома ноќта меѓу саботата и неделата со автомобил „смарт“ кога воздушен вртлог го кренал возилото во воздух и го исфрлил.

Силниот ветер корнел дрвја и електрични столбови.

Од удар на гром загинал норвешки спортист во текот на трка на 2.000 метри на Доломитите.

Јужно од Фиренца, спасувачи во канал полн со кал пронашле тело на 70-годишен маж кој настрадал кога неговиот автомобил бил зафатен од воден нанос.

Треба да знаете
Последни објави