Search

Гром удри во алпинистка во Австрија

Алпинистка од Босна и Херцеговина (29) се здобила со лесни повреди по удар од гром во Австрија.

Несреќата се случила вчера на планината Траунштајн кога гром удрил во заштитното челично јаже за кое се држела, но таа и по ударот продолжила да се движи кон подножјето на планината.

После полноќ, групата со која била девојката била пресретната од 13 спасувачи кои ја носеле алпинистката четири часа на носилки и дури во раните утрински часови успеале да ја пренесат до најблиската здравствена установа.

Треба да знаете
Последни објави