Search

(Фото) Молњи над Скопје

Како и што предвидеа метеоролозите вечерва во Скопје има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Како што се гледа од фотографиите на 24 Инфо, над Скопје има молњи, иако дождот не паѓа во сите делови на градот.

На места има и засилен ветер.

За утре во утринските часови е предвидено топло и убаво време, а во пладневните часови претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност и нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

 

Треба да знаете
Последни објави