Search

(Видео) Путин се нурна во обиколка на потоната подморница во Втората светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин нуркаше до подморницата на дното на Финскиот залив, во обиколка на остатоците од порморницата која потонала во Втората светска војна. Путин нуркал во батискаф, вид на подморница која специјално е дизајнирана за нуркање на големи длабочини, пренесе ТАСС.

„Впечатоците се живописни. Ова не е првпат да нуркам. Немам впечатоци од самиот чин на нуркање, туку од она што го видовме долу“ рекол Путин.

Еден од нуркачите постави плакета на местото на несреќата, а потоа беше одржано едноминутно молчење за загинатите морнари.

Треба да знаете
Последни објави