Search

Пренасочени летови од лондонските аеродроми поради дефект на системот

Летовите на двата најпрометни аеродрома во Лондон, Хитроу и Гетвик се пренасочени поради технички проблеми во главниот центар за контрола на воздушниот сообраќај за јужна Англија, соопштија денеска аеродромските служби.

– Имаме технички проблем со системот во контролниот центар Сванвик, што предизвика ограничување на летовите. Правиме се што е во наша моќ да го решиме тоа што побрзо, соопшти контролниот центар НАТС.

Евроконтрол, пак, потврди дека дефектот предизвикал голем број летови на двата аеродрома да бидат пренасочени.

Треба да знаете
Последни објави