Search

Нео-наци екстремист кој уби политичар осомничен и за напад врз азилант

Нео нацистот кој уби про-бегалски политичар од Германија е осомничен и за напад со врз азилант, информира агенцијата „Анадолија“.

Екстремистот Стефан Ернст беше уапсен минатиот месец, по само неколку недели откако конзервативниот политичар Валтер Лубке беше пронајден мртов во дворот од својот дом во Касел, централна Германија.

Според германски „Шпигел“ екстремистот-десничар го признал убиството на политичарот, но тој е осомничен како сторител на нападот со нож врз азилант од Ирак кој се случил во 2016 година во Касел.

Жртвата го преживеала нападот, но случајот останува неразрешен.

Обвинителството од Касел соопшти дека домот на Ернст бил пребаран поради сомнежи дека тој може да бил инволвиран во слични криминални активности и во минатото, но не приложи детали околу истрагата.

Треба да знаете
Последни објави