Search

На мачорот Лери во „Даунинг стрит“ му се приклучува куче

Британскиот премиер Борис Џонсон навести дека ќе набави куче, кое ќе му се приклучи на мачорот Лери во неговата канцеларија на „Даунинг стрит 10“, според „Ројтерс“.

Обраќајќи му се на персоналот, по влегувањето во „Даунинг стрит 10″ за прв пат како премиер, тој ги праша дали сакаат да имаат куче, а тие одговориле позитивно со голем ентузијазам, изјави извор упатен во настаните на тој состанок.

Даунинг стрит 10, седиште на британската влада веќе скоро 300 години, веќе е дом на кафеаво-белиот мачор Лери, кој ја има официјалната титула „Главен ловец на глувци во канцеларијата на владата”.

Лери беше „назначен“ на оваа функција во 2011 година и надживеа двајца премиери, Дејвид Камерон и Тереза Меј.

Изгледа дека Лери ја прифатил веста во негов стил – виден е како лежи на прозорецот поголемиот дел од попладнето, според „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави