Search

Конте: Русија е „главен играч во сите политички арени”

Европа треба да учествува во стратешкиот дијалог помеѓу Русија и САД за разоружувањето, а да не е само набљудувач, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Тој на состанокот со италијанските амбасадори истакна дека не смее да се заборави дека Русија е важен сосед на Европа со која има заеднички безбедносен простор.

– Конфронтацијата со Русија е контрапродуктивна за стабилноста на европскиот континент. Русија е главен играч на сите политички арени каде се разговара за меѓународните безбедносни прашања, посочи Конте, при тоа додавајќи оти „без учество на Москва не можеме да бараме излез од која било криза”.

Треба да знаете
Последни објави