Search

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска централниот дел на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во округот Чиба, на длабочина од околу 60 километри, пренесе Тасс.

Засега нема податоци за повредени или предизвикана материјална штета, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.

Треба да знаете
Последни објави