Search

Трамп стави вето на одлуки на Конгресот за продажба на оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да ја блокираат неговата администрација на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да им продаде оружје вредно милијарди долари.

Минатиот месец, државниот секретар Мајк Помпео ги наведе заканите на Иран како причина да се одобри продажба на оружје вредно 1,8 милијарди долари на ОАЕ и Саудиска Арабија, двајца сојузници на САД во Персискиот Залив.

Членовите на Конгресот ги налути одлуката на Трамп да продаде оружје, а да избегне одобрение од законодавците, поради што демократите и републиканците се здружија со цел да ја блокираат одлуката на Трамп.

– Бесрамното вето на претседателот ја гази волјата на двопартискиот и дводомен Конгрес и го продолжува учеството на неговата администрација во ужасниот конфликт во Јемен, кој претставува дамка на совеста на светот, изјави претседателката на Конгресот Ненси Пелоси.

Треба да знаете
Последни објави