Search

Романскиот дипломат Феруца времено ја презема функцијата шеф на МААЕ

Романскиот дипломат Корнел Феруца времено ја презема функцијата шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додека членките не изберат наследник на починатиот генерален секретар Јукија Амано.

МААЕ во понеделникот соопштија дека Амано починал. Со тоа во агенцијата има лидерски вакуум во момент на тензии меѓу Иран и Западот по одлуката на САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Техеран.

Во МААЕ се 35 земји членки. Кандидатот за шеф треба да биде одобрен на конференција што ќе се одржи на 16-20 септември.

Според западни медиуми, двајцата најверојатни кандидати се аргентинскиот пратеник во МААЕ Рафаел Гроси и Романецот Феруца, кој сега е главен координатор на Агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави