Search

Најмалку десет загинати во три бомбашки напади во Кабул

Денес, Кабул го потресоа три бомбашки напади во кои загинаа најмалку десет лица, меѓу кои пет жени и едно дете, соопштија денеска авганистанските власти.

Прво, бомбаш самоубиец активираше експлозив пред автобус со вработените во министерството за рударство.

Потоа, друг бомбаш самоубиец се разнесе во источниот дел на главниот град, а неговите цели беа војници на меѓународната коалиција. Коалицијата објави дека ниту еден од неговите членови не е повреден.

Третата бомба експлодираше во близина на местото на првиот напад, и немаше жртви.

Министерството за здравство објави дека 27 лица се повредени.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите.

Треба да знаете
Последни објави