Search

Евростат: Просечниот животен век во ЕУ кај жените е 83,5 години, кај мажите 78,3 години

Просечниот животен век во ЕУ е 80,9 години во 2017 година, што значи 0,1 години помалку од 2016 година, според најновите податоци на Евростат.

За жените, тоа е 83,5 години – 0,1 помалку од 2016 година, а за мажите просечниот животен век е 78,3 години или е во пораст од 0,1 години.

Постои опаѓање на очекуваниот животен век во 11 земји во споредба со 2016 година. Најголем пад е забележан во Луксембург (од 82,7 до 82,1 години), при што најголемото намалување е кај жените: една година наспроти 0,2 години кај мажите. Потоа е Кипар, каде што падна за половина година на 82,2 години.

Во 11 земји има зголемување на очекуваниот животен век од 0,9 години во Литванија до 0,1 години во Белгија, Германија, Холандија, Шведска и Велика Британија. Во шест земји нема промени.

Во 2017 година, во ЕУ починаа 5,3 милиони луѓе, што е највисок број во последните пет децении.

Треба да знаете
Последни објави