Search

Двајца планинари загинаа во швајцарските Алпи

Двајца планинари загинаа во несреќа во горните делови на познатата планина Матeрхорн, јави денеска швајцарската полиција.

Како што се наведува, врз двата човека, од кои еден бил водич, се урнала карпа и тие паднале.

Несреќата се случи во средата на височина од околу 4.250 метри, јавува АП.

Матерхорн со 4.478 метри надморска височина, е еден од највисоките и најпознатите врвови во Алпите. Тој се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави