Search

Гувернерот на Порторико си даде оставка по двонеделните протести

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, во средата рече дека ќе поднесе оставка по речиси две недели протести во кои од него се бараше да се повлече функцијата откако островот го потресе скандал со навредливи пораки и владина корупција во кој беше вмешан Росело.

Во својот говор, Росело рече дека ќе остане во на позицијата до 2 август, кога секретарот за правда на Порторико, Ванда Васкез ќе ја преземе фунцијата.

Гувернерот мандат ја објави својата оставка три дена откако во неделата не успеа во да ја смири загриженоста на критичарите, велејќи дека нема да бара реизбор следната година и ќе се откаже од раководството на неговата политичка партија.

„Чувствувам дека ако продолжам во оваа позиција ќе го отежнам одржувањето на успехот што го постигнав“, рече Росело.

За време на неговиот мандат како гувернер, островот беше погоден од урагани во кои во 2017 година загинаа околу 3.000 луѓе и кои предизвикаа огромни материјални штети само неколку месеци откако територијата на САД поднесе барање за банкрот.

Сан Хуан го потресоа протести откако на 13 јули беа објавени пораки меѓу Росело и неговите најблиски соработници во кои тој користи хомофобични термини и ги исмева жртвите од ураганите. Околу 500.000 луѓе присуствуваа на најголемите демонстрации во понеделникот.

Росело се соочи со заканата од импичмент откако независниот одбор на адвокати, назначен од претседателот на Долниот дом да ги испита пораките, откри дека во нив биле извршени четири кривични дела и еден прекршок.

Претседателот на Претставничкиот дом Џони Мендез во средата изјави за новинарите дека на гувернерот му е дадена можноста да поднесе оставка или да се соочи со импичмент.

Треба да знаете
Последни објави