Search

(видео) Шестгодишник си го оствари сонот да му стане телохранител на чеченскиот лидер Кадиров

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ангажирал шестгодишно момче во личното обезбедување кусо време откако бестрашното момче зборувало за својата желба да го заштитува чеченскиот лидер, пренесува РТ.

„Отсега па натаму немам за што да се грижам, имам професионален телохранител кому му нема рамен во светот”, напиша Кадиров на Инстаграм.

Магомед-Еми Газиев стана познат на социјалните мрежи откако му кажа на светот дека сака да стане вистински бранител и воин. Снимките покажуваат дека Магомед-Еми се дружи со чеченскиот лидер во неговата канцеларија.

https://www.instagram.com/p/B0T9NmloZEt/?utm_source=ig_web_copy_link

„Го поканив да ме види денес и го вработив како одговорно лице”, напиша Кадиров.

Тој му наредил неговиот млад телохранител да биде опремен со униформа, оружје и опрема – од локалната продаљвница за играчки. Момчето сега ќе биде на должност под будното око на помошник Кадиров.

Шегата настрана, Чеченија нема недостиг од мотивирани деца. Претходно месецовт, шестгодишниот Рахим Куриев, наводно, поставил две светски рекорди во изведување склекови, правејќи речиси 9.000 склека. Достигнувањата на момчето беа емитувани на една локална телевизија.

Во 2018 година, Кадиров му подари на момчето, кое тогаш имаше 5 години, бела „мерцедес-бенц Ц-класа“ како награда за поставување светски рекорд со изведување 4.105 склека за само 2 часа и 25 минути.

Треба да знаете
Последни објави