Search

Британската морнарица ќе ги придружува бродовите под нејзино знаме во Ормускиот проток

Лондон ќе испрати поморски бродови да ги придружуваат бродовите под британски знамиња, при преминувањето на Ормускиот проток, за да ја заштити нивната безбедност, откако Иран заплени танкер со британски знамиња, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

– Кралската флота има задача да ги придружува бродовите под британско знаме преку Ормускиот теснец, како поединечно така и во група, ако има соодветно известување за нивниот премин, наведува во соопштението портпарол на британската Влада.

Според него, „слободата на движење на бродовите е од клучно значење за меѓународниот трговски систем и светската економија.

– Ние ќе направиме се за да ја заштитиме, истакнува портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави