Search

Американец во Јапонија патувал со наполнет пиштол, му се заканува казна затвор до 20 години

На Американец му се заканува 20-годишна затворска казна откако се качил на лет за Јапонија со наполнет пиштол ставен во багажот. Мајкл Едвард Аплгејт (43) патувал со авион од Сиетел и во понеделникот слетал со неговото семејство на меѓународниот аеродром Нарита.

Тој планирал да се префрли на лет за Окинава, каде требал да почне да работи како пожарникар за американската морнарица, објави Си-ен-ен.

Кога стигнал во Нарита, 70 километри од Токио, службениците на аеродромот откриле дека во него имал автоматски пиштол, марка „Смит и Весон“ наполнет со 14 куршуми.

Аплгејт ѝ потврдил на полицијата дека се работи за негов пиштол, но дека не знаел како стигнал таму и дека најверојатно, брзајќи се додека се подготвувал за пат, случајно го ставил во куферот.

Тој останал во притвор на аеродормот во Нарита, иако се уште не е обвинет по строгите јапонски закони, кога зтанува збор за поседување оружје.

Во случај да биде обвинет и прогласен за виновен, тој се соочува со казна од минимално 3 до максимално 20 години затвор. Неговиот случај се смета за многу сериозен бидејќи пиштолот му бил наполнет.

Треба да знаете
Последни објави