Search

Јужна Кореја ги отфрла претензиите на Јапонија над островот Докдо

Јужнокорејското Министерство за одбрана ги отфрли повторните територијални аспирации на Јапонија над островот Докдо, по инцидентот кога руски воен авион влезе во нејзин воздушен простор во близина на островот во Источното Море.

Портпаролот на јапонската Влада Јошида Суга тврди дека руски воени авиони нарушиле територија на Јапонија, а Токио вложи протест и до Сеул поради инцидентот.

– Претензиите на Јапонија не заслужуваат никакво разгледување. Јасно ставивме до знаење дека остро ќе одговориме на секој надворешен упад на Докдо, наведе јужнокорејското Министерство за одбрана.

Од друга страна, Русија ја известила Јужна Кореја дека упадот на еден од нејзините воени авиони во јужнокорејскиот воздушен простор не бил намерен и оти веројатно е предзивикан од технички дефект, соопшти кабинетот на претседателот на Јужна Кореја. Москва изразила „длабоко жалење” поради инцидентот и најави итна истрага како и преземање неоходни мерки

Треба да знаете
Последни објави