Search

Тројца австралиски муслимани осудени на долгодишни казни за подметнат пожар во шиитска џамија во Мелбурн

Тројца австралиски сунитски муслимани, кои подметнаа пожар во шиитска џамија во Мелбурн, во напад инспириран од Исламска држава, се осудени на долгодишни затворски казни, јави ДПА.

Абдула Чаарани (28), Ахмед Мохамед (26) и Хатим Мукихабер (30), денеска се осудени од Врховниот суд на државата Викторија за вмешаност во терористички акт со подметнување пожар во Исламскиот центар „Имам Али” во Фокнер, северно предградие на вториот по големи австралиски град, во декември 2016 година.

Во мај поротата во судот тројцата ги прогласи за виновни.

Мохамед и Чаарани се осудени на 22 години затвор и ќе можат да бараат условен отпуст дури по 17 години, додекаМукихабер е осуден на 16 години затвор, со можност за условен отпуст по 12 години, објави австралиската телевизија ABC.

Судијата Ендру Тинни, при изрекувањето на пресудата, изјави дека дека грозоморното злосторство било мотивирано од омраза, нетолеранција и злоба. Тој кажа дека тоа е “напад врз верската слобода”, што беше “невозможно да се оправда”.

Исламска држава беше насликана со спреј на ѕидот на џамијата пред нападот. Џамијата беше речиси целосно уништена во пожарот.

Мохамед и Чаарани се обидоа да ја запалат џамијата еден месец претходно, но беа успешни само во втор обид, кога во помош им притекнал Мукихабер.

Минатата година, Мохамед и Чаарани, исто така, беа осудени за планирање терористички напад околу Божиќ во 2016 година, само две недели по нападот на џамијата.

За време на судењето, Мохамед и Муахибер негираа каква било вмешаност, додека Чаарани призна дека учествувал во нападот, но рече дека тоа не е акт на терор, туку чин на негов протест “со намера да се унапреди … сунитскиот ислам”, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави