Search

Русија изрази жалење поради нарушувањето на воздушниот простор на Јужна Кореја

Русија соопшти дека упадот на воениот авион во воздушниот простор на Јужна Кореја не бил намерен. Висок руски воен претставник изразил длабоко жалење до јужнокорејското министерство за одбрана за инцидентот, а како објаснување зошто се случило тоа навел технички проблем, објави Јужна Кореја.

Сеул вчера соопшти дека руски воен авион два пати го нарушил неговиот воздушен простор, по што рускиот министер за одбрана луто ги отфрли овие тврдења.

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека нивни воени авиони учествувале во заедничка воздушна патрола со кинески воени авиони над Јапонското море и Источно кинеското море, што е воопшто прва воздушна патрола помеѓу двете држави.

Треба да знаете
Последни објави