Search

Рохани: Иран е подготвен за праведни преговори

Иран е подготвен за праведни преговори, но не и ако тие значат предавство, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, не објаснувајќи за какви разговори мисли.

„Се додека имам одговорност во извршната власт во земјата, кажувам дека ние целосно сме подготвени за праведни, законски и чесни преговори за решавање на проблемот”, наведе Рохани на неговата официјална страница, пренесоа британските медиуми.

-Но, истовремено, не сме подготвени да седнеме на масата за предавство под изговор дека станува збор за преговори, истакна Рохани.

Иранското намалување на преземените обврски врз основа на нуклеарната спогодба од 2015 година е привремено и може да се врати на претходната состојба доколку другите страни ги испочитуваат своите обврски кон договорот, рече Рохани.

Додаде дека одделни земји делуваат како медијатори за да го олеснат дијалогот за нуклеарниот договор.

Доколку преговороите со останатите потписници на нуклеарниот договор не ги даде очекуваните резултати, ние ќе преземеме трет чекор во намалување на нашите обврски од него, по завршувањето на периодот од 60 дена, истакна иранскиот претседател.

Рохани појасни дека Иран не сака тензии со европските земји.

Треба да знаете
Последни објави