Search

Вработените во 1ТВ на колективен одмор, не се знае дали ќе се вратат на работа

Вработените во 1ТВ од денес се на колективен одмор, а останува неизвесно дали ќе се вратат на работа. Ова следува откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ каде првоосомничен е Бојан Јовановски кој се претставуваше како неформален сопственик на телевизијата.

Новинарката Кристина Атовска рече дека вечерашниот дневник можеби е последниот кој се емитувал на 1ТВ.

„Можеби ова е последниот дневник кој го гледате. Случувањата поврзани со Бојан Јовановски влијаат на медиумот. 1ТВ беше мета на лажни вести за да се дискредитира новинарскиот кадар. 1ТВ во иднина може да биде остварување на професионалните планови на новинарите. Новинарскиот кадар на 1ТВ е горд што докажа дека и покрај штетата што си ја нанесуваат на себе, постојат луѓе кои ги бранат новинарските стандарди и новинарската професија. Да се надеваме дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на 1ТВ“, рече уредничката на вечерашните вести на телевизијата.

Елена Џугуманова, која исто така го уредуваше вечерашниот централен дневник на телевизијата кажа дека иднината на медиумот е доведена во прашање.

„Иднината на овој медиум кој започна со емитување на програма од март 2018 е доведена во прашање. Со оваа информација го завршуваме централниот дневник и ви велиме засега довидување“, рече Џугуманова.

Треба да знаете
Последни објави