Search

Во самоубиствен напад во Могадишу загинаа шест лица

– Најмалку шест луѓе загинаа, а шестмина се повредени, меѓу кои и градоначалникот на главниот град на Сомалија, Могадишу, во самоубиствен напад извршен врз градоначалничката канцеларија, соопшти сомалиската Влада.

Нападот бил извршен од бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот што го имал на себе во Канцеларијата на градоначалникот на Могадишу.

– Шест луѓе, меѓу кои и двајца помошници на градоначалникот и три директори на службата се убиени во денешниот терористички напад. Уште шест лица се повредени, помеѓу кои и градоначалникот на Могадишу, изјави сомалискиот министер за информации Мохамед Абди Хајир Мареје,

Градоначалникот на Могадишу, Абдирахман Омар Осман и неговиот заменик со сериозни повреди се хоспитализирани.

Се уште не е познато како бомбашот самоубиец успеал да влезе во Канцеларијата на градоначалникот додека се одржувал безбедносен состанок.

Треба да знаете
Последни објави