Search

Во Истанбул се апсат нерегистрирани мигранти

Строгите мерки преземени против нерегистрираните мигранти во Истанбул во изминатите две недели резултираа со 6.000 апсења, вклучувајќи и Сиријци, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Сујлеман Сојлу.

Во последниве денови во турската јавност се појави загриженост поради извештаи дека стотици сириски бегалци биле испратени назад во Сирија, откако биле принудени да потпишат формулари за согласност на турски јазик, кој не го разбираат.

Сојлу ги негираше ваквите обвинувања.

– Ние спроведуваме операција од 12 јули … Уапсивме 6.122 луѓе во Истанбул, вклучувајќи и околу 2.600 Авганистанци, рече тој и додаде дека Сиријците биле дел од оваа група, но не кажа повеќе детали.

Во Турција има повеќе од 3,5 милиони сириски бегалци, што е најголем број од која била земја во светот.

Повеќето имаат решение за „привремена заштита”, но тие се ограничени на провинцијата во која биле регистрирани. Најновите активни мерки се насочени кон оние кои живеат во Истанбул без дозвола престој во градот.

Треба да знаете
Последни објави