Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(26) од село Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.02.2019 во село Равен полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.