Search

Јуве ќе му плати на Кедира да го напушти клубот

Италијанскиот шампион Јувентус има намера да му плати на својот играч Сами Кедира, за да го напушти клубот, пишува „Газета дело Спорт”.

Планот на Старата дама, според истиот извор, е да го раскине договорот со 32 годишниот германски репрезентативец, и да му ја плати отпремнината бидејќи има договор до 2021 година.

Јуве годинава видно го засили средниот ред со ангажирање на Адриен Рабиот и Арон Ремси.

Како следна дестинација на Германецот се споменува Фенербаче, а не е мал и интересот на екипи од Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави