Search

Ставен делумно под контрола пожарот во западниот дел на Атика

Делумно под контрола е ставен пожарот на тревна површина што изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, соопштуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, а генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно замина во предградието кусо откако изби пожарот.

Мегара се наоѓа на околу 50 километри западно од центарот на Атина.

Треба да знаете
Последни објави