Search

Барокна вечер на „Охридско лето” со членовите на ансамблот „Дорико”

Програмата на годинешното фестивалско издание на „Охридско лето” продолжува со концертот на барокниот ансамбл „Дорико”, составен од уметниците Даниела Нуцоли – мецосопран/виолина, тенорот Раул Хернандез, Клодиана Бабо – барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе – виолончело и чембалистот Џованимариа Перучи.

Ансамблот „Дорико” е група составена од музичари кои свират на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на составот свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како „Џардино Армонико”, „Еуропа Галанте”, „Талент Лирик”, „Академија Бизантина” и се посветени на популаризација на тој тип на музика, како и на откривања на дела од овој репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали.

Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија” со почеток од 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави