Search

ОЈО: Притвор за крадец кој украл злато и 15.200 евра од стан во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп започна истрага против осомничен за тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

„Осомничениот, вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со соизвршителот, провалиле во стан во Прилеп со намера противправно да одземат предмети. Двајцата со погодно средство ја отклучиле вратата и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вредност од околу 1.300.000 денари.

По образложен предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Треба да знаете
Последни објави