Search

СВР Скопје: Казнети 48 возачи за брзо возење и петмина кои возеле пијани

Сообраќајната полиција изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје казнила 48 возачи кои управувале возилa со брзина поголема од дозволената.

Од СВР Скопје информираат дека од сообраќај исклучени се 24 возачи. Од нив, петмина бидејќи управувале возило под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила кои не биле регистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престигнување, еден поради неправилно престројување, 17 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и три возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Полицијата казнила и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 74 мандатни платни налози и 69 возило се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави