Search

Инцидент во Чаир: Го пробол со нож, па му пукал во рака

Скопјанец бил повреден во вооружен инцидент, вчера во скопски Чаир, информираше МВР.

-На 13.07.2019 околу 21.50 часот на улицата Џон Кенеди, Е.М(32) од Скопје пријавил дека  по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) и Б.Н. од Скопје. Тројцата се сретнале во нивниот автомобил „БМВ“, а во врска со давање на пари. По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На Е.М. му е укажана помош во ГОБ„Св.Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави