Search

Синиша Михајловиќ тешко болен

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ одлучил да ја прекина професионалната тренерска кариера за да се соочи со сериозна болест, тврди „Кориере дело Спорт“.

Српскиот тренер неодамна направил детални леркарски прегледи во Србија и докторите го предупредиле дека лекувањето треба да го продолжи со агресивен третман.

„Кориере дело Спорт“ не откри детали за болеста на Михајловиќ, но се пренесува дека поранешниот селектор на Србија ќе се огласи со соопштение или ќе одржи конференција во текот на денешниот ден и ќе ја објасни ситуацијата.

Тој во јануари ја презема клупата на Болоња, која успеа да ја спаси од испаѓање и да ја одведе до десеттото место на табелата, поради што требаше да потпише нов, долгогодишен договор.

Треба да знаете
Последни објави