Search

Како да го преуредите домот со малку пари?

Не ви е потребно големо и скапо реновирање за да го освежите изгледот на вашиот дом.

 

Со неколку естетски корекции може да направите вашиот стан или куќа да изгледа ново, свежо и модерно. Секако, најважно е основата на вашето живеалиште да е здрава и стабилна, па секогаш најпрво вложувајте во поправки на домот, а потоа на разубавување.

Со промена на покривките, украсите и помали парчиња мебел, како и со прераспределба на предметите може да доловите впечаток на реновиран дом.

Чистка!

Многу е важно редовно да правите растеретување од непотребни предмети во вашето место на живеење.

Предмети што само зафаќаат место, нефункционални парчиња мебел и апарати за домаќинство, украси што не се вклопуваат едни со други… сево ова прави вашиот дом да изгледа постаро и несредено.

Кога ќе се ослободите од метежот, ќе сфатите колку многу простор всушност имате во станот или куќата.

Паметно складирање

Ако немате доволно простор за складирање – немате место или финансии за нови плакари – најдете начин да ги сместите предметите на начин што е во функција на естетиката.

На пример, користете украсни кутии, плетени и метални кошници, дрвени гајби и слично за да ги сместите поситните предмети, детските играчки, списанијата, полначите за мобилен и слично.

Колку поорганизиран е просторот, толку попрактичен и послободен е, а тоа го прави и естетски попривлечен.

Направи сам

Уште еден начин да заштедите на преуредувањето на станот или куќата е научите да правите дел од работите за кои би ангажирале професионалец. Можеби за почеток бојадисување на ѕидовите или вратите ви е преголем „залак“, но почнете со едноставни чекори.

Префарбајте ја оградата на дворот или терасата, столчињата за во двор, мала дрвена кутија или гајба, а потоа продолжете со поголеми зафати.

За некои делови од мебелот доволно е да имате супер идеја: реставрирајте стар метален кревет, дрвен сандак или претапацирајте фотелја, со помош на мајстор „од доверба“. Не мора да купувате нови предмети, ако се функционални и само им треба нов лик.

Треба да знаете
Последни објави