Search

Иран нема да се придржува до обврските од нуклеарниот договор ако Европа не ги одржи своите ветувања

Ако европските земји не ги исполнат своите обврски од нуклеарниот договор, тогаш Иран ќе преземе повеќе чекори за да ги намали своите обврски, изјави висок ирански пратеник во четвртокот.

Иран во понеделникот се закани дека ќе ги рестартира деактивираните центрифуги и ќе го зголеми збогатувањето со ураниумот до 20 отсто, потег што ќе оди многу подалеку од малите чекори што Иран ги презеде во изминатата недела за да ги зголеми резервите на фисионен материјал надвор од границите на договорот.

„Ако Европа не ги исполни своите обврски за време на 60-дневниот временски период во кој сме во моментов, Иран ќе го преземе третиот чекор“, рече Мојтаба Золнур, претседател на парламентарната комисија за национална безбедност и надворешна политика.

Инсталирањето на нови центрифуги е меѓу можните чекори, рече Злонур.

Министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пак, во четвртокот рече дека Иран нема да преговара со САД сè додека санкциите се на сила.

„Ние никогаш не заминавме од преговарачката маса…(Американците) одлучија да ја напуштат и сега прават лажни тврдења со цел да создадат лажна слика дека се подготвени за преговори“, рече Зариф. „Нема да преговараме со оние што извршуваат економски тероризам против нашиот народ. Мора да престанат со тоа“.

Треба да знаете
Последни објави